среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



Денеска навршуваат и 18 години од масакрот кај месноста „Карпалак“ на патот Скопје-Тетово во кој на 8 август 2001 година загинаа 10 прилепски резервисти на АРМ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 август, 2019 10:13

Осумнаесет години од масакарот кај Карпалак- Во Прилеп почнуваат чествувањата за загинатите бранители

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вечерва во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп ќе започнат чествувањата за трагично загинатите во масакакарот на Карпалак.

Денеска навршуваат и 18 години од масакрот кај месноста „Карпалак“ на патот Скопје-Тетово во кој на 8 август 2001 година загинаа 10 прилепски резервисти на АРМ.

Планирано е во 18 часот пред спомен-обележјето на 10-те загинати бранители во прилепската касарна „Мирче Ацев“ да положат цвеќе делегации кои ќе им оддадат почит на загинатите прилепчани. Потоа, ќе биде посетена Спомен-собата во касарната каде се спомените на загинатите армиски резервисти и бранители. Во 19:00 часот ќе биде посетен споменикот во прилепското село Лениште, посветен на трагично загинатите бранители и ќе се служи вечерна литургија во манастирот „Света Петка“ во селото.

Жртви во крвавиот масакр кај Карпалак беа Нане Наумоски од Прилеп – Сашо Китаноски од Прилеп – Бранко Секулоски од Прилеп – Горан Миноски од Прилеп – Марко Деспотоски од прилепско Новоселани – Ердован Шабаноски од Прилеп – Љубе Грујоски од прилепско Пашино Рувци – Дарко Велјаноски од прилепско Ропотово – Веби Рушитоски од Прилеп и Пеце Секулоски од прилепско Бело Поле.

Делегации, изутрината на 8 август, од 6:00 часот ќе тргнат на чествувањето на овој трагичен настан на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово каде ќе положат цвеќе на спомен-обележјето. Во Прилеп од 7:30 часот ќе се положат цвежиња и ќе им биде оддадена почит на загинатите на нивните вечни почивалишта во градот и во околните населени места. Во 10:00 часот ќе се одржи панихида за загинатите во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила, а од 13:00 часот е централното чествување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

Масакрот кај Карпалак — најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.

Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската којашто била сместена во Тетовско. Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати беше пукано од клисурата Карпалак, кога беше погоден еден камион кој се запали. Беше запалено и едно цивилно возило, а куршумите од автоматското оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците, но возачот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.

На 8 август 2001 година во заседа на патот Скопје-Тетово кај месноста Карпалак животот го загубија Сашо Кутаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Тие беа армиски резервисти од Прилеп и околината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.