Витни Хјустон важеше за кралица на поп музиката на сите времиња, а почина на 48- годишна возраст.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 февруари, 2020 10:59

Осум години без поп-кралицата Витни Хјустон- нејзините хитови останаа да живеат во нас

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера навршија осум години од смртта на познатата американска пејачка Витни Хјустон која зад себе остави бројни хитови.

Витни Хјустон важеше за кралица на поп музиката на сите времиња, а почина на 48- годишна возраст.

Во 80-те и 90-те години Витни Хјустон беше една од најпродаваните пејачки. Нејзини познати хитови се албумот „The Bodyguard“, „Waiting to Exhale“, „I Will Always Love You“ и други.

Во 2009 година, Гинисовата книга на рекорди и оддаде признание за најнаградуван женски изведувач на сите времиња. Хјустон беше една од светски најдобро продаваните музички артисти, со продадени над 200 милиони албуми, песни и видеа ширум светот.

На 11 февруари 2012 година, Хјустон беше пронајдена мртва во нејзината гостинска соба во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс, Калифорнија. Подоцнежните резултати покажаа дека таа несреќно се удавила во кадата поради дејството на хроничната употреба на кокаин и срцево заболување. Вестите од нејзината смрт се совпаднаа со Греми наградите 2012 и заземаа значајно место во американските и интернационалните медиуми.

Таа издаде шест студиски албуми, еден празничен албум и три албуми со песни за филмови, од кои сите имат дијамант, мулти-платина, платина и златна сертификација. Преминот на Хјустон на популарните музички топ листи, како и нејзиното истакнување на MTV, започна со со нејзиното видео за “How Will I Know”, со што влијаеше на неколку афро-американски женски артисти да ги следат нејзините стапки Хјустон е единствениот изведувач што седум пати едноподруго бил на местото број 1 на Billboard Hot 100 hits. Таа е вториот изведувач после Елтон Џон и единствениот женски изведувач што освоил две најдобри награди на Billboard 200 албум наградите (некогаш “Top Pop Album” на топ листите на крајот на годината на магазинот Billboard. Деби албумот од 1985 година, стана најдобро продаваниот деби албум од страна на женски изведувач во времето на неговото издавање. Албумот беше прогласен за најдобар албум во 1986 година од страна на магазинот Rolling Stone и беше рангиран на 254 место на листата на Rolling Stone за 500 најдобри албуми на сите времиња.

Во 80-те и 90-те Хјустон беше една од најпродаваните пејачки. Нејзини познати хитови се албумот „The Bodyguard“, „Waiting to Exhale“, „I Will Always Love You“ и други.

Нејзиниот втор студиски албум “Whitney” (1987) стана првиот албум од женски изведувач што дебитираше на првото место на листата на албуми Billboard 200. Првата актерска улога на Хјустон беше во долгометражниот филм “The Bodyguard”(1992). Оригиналната музика на филмот победи на Греми наградите за најдобар албум на годината во 1994 година. Неговата водечка нумера “I Will Always Love You” стана најпродаванит сингл од женски изведувач во музичката историја. Со овој албум Хјустон стана првиот изведувач (соло или група, машки или женски изведувач) што продал повеќе од милион копии од албум во период од една недела под Nielsen SoundScan system. Албумот ја направи најдобар женски изведувач во топ 10 листата на најдобро-продавани албуми на сите времиња на која се најде на местото број четири. Хјустон продолжи да игра главни улоги во филмови и да соработува на нивните песни, вклучувајќи ги и филмовите “Waiting to Exhale”(1995) и “Preacher’s Wife”(1996). Песната за филмот “The Preacher’s Wife” стана најдобро продаваниот црковен албум во историјата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.