сабота, 20 април 2024

MK/ EN/ DE



Три тигри и три африкански лавови биле регистрирани дека почнале да развиваат симптоми на коронавирус на почетокот на април, кога зоолошката градина објавила дека малезискиот тигар Надија е позитивен на коронавирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 април, 2020 11:58

ОСУМ ЖИВОТНИ ВО ЗООЛОШКАТА ВО ЊУЈОРК ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС: Сите имаат само еден симптом!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

По тигарот од зоолошката градина Бронкс во Њујорк, кој е заразен со коронавирус, сега уште седум диви животни од оваа градина биле тестирани и се позитивни на вирусот, соопшти Здружението за зачувување на дивиот свет. 

Три тигри и три африкански лавови биле регистрирани дека почнале да развиваат симптоми на коронавирус на почетокот на април, кога зоолошката градина објавила дека малезискиот тигар Надија е позитивен на коронавирусот.

Тигар во зоолошката градина во Њујорк  позитивен на коронавирусот, беше првиот потврден случај на заразено животно со Ковид-19 во САД.

Сите животни имаат еден симптом, а тоа е сува кашлица.

И еден тигар, кој е исто така позитивен, нема симптоми, пренесува Си-Ен-Ен.

Од зоолошката градина изјавиле декаживотните биле заразени од жена работничка, која била позитивна на коронавирус, но во тоа време не покажувала симптоми.

За потсетување, на 6 овој месец беше објавено за првиот тигар кој бил заболен од коронавирус во зоолошката градина во Њујорк и тој беше првиот потврден случај на заразено животно со Ковид-19 во САД.

Тогаш од зоолошката градина соопштија дека тигарот почнал да покажува симптоми на болеста на 27 март, а се очекува сите заболени животни да се опорават.

Зоолошката градина Бронкс беше затворена на 16 март, како дел од мерките за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.