Оваа област има иднина насекаде во светот и сé повеќе има клинички студии и докази дека медицинскиот канабис помага во многу состојби и дијагнози, пред сè во сферата на невронауката.

Објавил: Владо Марин | 14 октомври, 2020 15:56

Отворен новиот производствен капацитет на НЈСК Холдинг во индустриската зона Ќојлија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Филипче и премиерот Зоран Заев го отворија новиот производствен капацитет на НЈСК Холдинг во индустриската зона Ќојлија, инвестиција од фармацевтската индустрија, по највисоки стандарди – лиценцирана за одгледување на канабис за медицински цели!

Оваа област има иднина насекаде во светот и сé повеќе има клинички студии и докази дека медицинскиот канабис помага во многу состојби и дијагнози, пред сè во сферата на невронауката.

Законот за опојни дроги е веќе во собраниска процедура.

Ќе претрпи измени со коишто дополнително ќе ги стимулираме инвеститорите, но и младите луѓе да ја гледаат иднината во нашата земја, затоа што ова значи многу работни места за високо квалификуван кадар од областа на фармацевтските науки, рече Филипче!

Во современата медицна конопот со своето дејство на транс-халуциногениот канабинол наоѓа примена во лекувањето, ублажување на ефектите на СИДА, рак и др неизлечиви болести.

Исто така, во историските анали на македонскиот народ и традиција ова растение било одгледувано на многу места на територијата на Република Македонија заради цврстината на влакната коишто се добиваат од стеблото на зрелото растение за правење на најразлични производи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести