ТАВ патниците ги информирал дека авионот кој лета за Берлин има технички проблем , па патниците кои чекале да влезат во леталото биле повторно вратени во чекалните на аеродромот.

Објавил: Весна Петровска | 9 мај, 2019 16:34

Откажуваат ли авиноите на Виз Ер? – стотина патници извисени на скопскиот аеродром

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Нискобуџетната компанија Визаер годишно пренесува илјадници патници низ европските дестинации, освен постојаните доцнења на летовите, досега не се случиле поголеми непријатности.

откажан

Но денеска поради голем дефект на авионот кој сообраќај на релација Сккопје-Берлин не полета од скопскиот аеродром.

ТАВ патниците ги информираше дека авионот кој лета за Берлин има технички проблем , па патниците кои чекале да влезат во леталото биле повторно вратени во чекалните на аеродромот.

Наместо во 13.45 патниците во Берлин можат да пристигнат најрано во 18 часот вечерва.

Според информации од очевидци на аеродромот причината за одложувањето на летот е пpoблем со електрониката на авионот за Берлин.

Се очекува авионот да полета откако инжињерски екипи ќе ги проверат сите функции на електронските апарати во леталото.

Откако ТАВ потпиша договор со Визаер авионскиот сообраќај во Македонија од година во година се повеќе се зголемува.

Како што соопштија лани од ТАВ, 1,8 милиони патници патувале преку Меѓународниот Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Свети Апостол Павле во првите 9 месеци од 2018 година, што е годишен пораст од 18%ч

Во исто време, од јануари до септември 2018 година, бројот на летови на двата аеродроми е 15.395, со годишен пораст од 12%.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.