Министерот за финансии Тевдовски, на челниците на ММФ и СБ ќе им говори за одржлив економски раст и реформи во економијата иако и ММФ и СБ оценија дека сме пред банкрот

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 10:22

Откако ММФ и СБ оценија дека економијата ни е пред банкрот, Тевдовски ќе ги едуцира

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерот за финансии и гувернерката на Народната банка на Република Македонија на годишна средба со ММФ и СБ во Индонезија.

“Спроведување на целите за одржлив развој во светот кој се менува: локализација, инклузивност и инвестирање во резултати” е тема на која ќе се обрати министерот за финансии Драган Тевдовски на годишните средби на Светска банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Македонскиот тим е предводена од гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска.

Тевдовски, како што е соопштено, ќе се осврне на целите за одржлив раст и реформите кои се прават во земјава за остварување на тие цели.

На панелот на кој ќе говори Тевдовски, предвидено е свое обраќање ќе имаат и претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Вернер Хојер, како и извршниот директор на Светската програма за храна (ВФТ) Дејвид Бизли.

Настанот ќе го отвори генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. На панелот на кој ќе се обрати Тевдовски ќе говори и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Анхел Гурија.

Претходно и ММФ и СБ оценија дека економската состојба во Македонија е очајна и е најлоша во регионот, на самото дно, на што Тевдовски немаше изјаснување во јавноста.

ММФ: Македонската економија последна во регионот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...