Соединетите Американски Држави ја скратија помошта која преку ОН им се доделува на Палестина, Германците ја зголемија сумата за 81 милион евра

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 14:50

Откако САД ја скратија, Германија ја зголеми помошта за Палестинците

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германија најави дека ќе ја зголеми финансиската помош за Палестинците преку Обединетите нации, откако САД решија да скратат 200 милиони долари од помошта со цел да извршат притисок врз палестинското раководство да прифати мировен договор со Израел.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас рече дека американската одлука предизвикала криза во Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) на Обединетите нации, која повеќе од половина век им помага на околу пет милиони Палестинци кои биле протерани како резултат на израелско-арапските војни.

– Загубата на таа организација може да предизвика неконтролирана верижна реакција, изјави Маас. Министерот, сепак, рече дека Германија не може самата да го покрие кусокот што се создал во буџетот на УНРВА по повлекувањето на американските средства.

Поради тоа, Маас истакна дека Германија ќе ја зголеми својата поддршка за УНРВА над предвидените 81 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.