На Косово премиерот и претседателот не сакаат да си видат очи, но кога се работи за САД и ОН, мисијата им е заедничка, промоција на независноста на државата која не постои

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 7:29

Откако се скараа, Тачи и Харадинај со ист лет за САД, да лобираат за подобри позиции

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај отпатува во официјална посета на Соединетите Американски Држави.

Харадинај преку социјалните мрежи нагласи дека во фокусот на неговите активности во Њујорк ќе биде јакнењето на меѓународната позиција на Косово.

Во Њујорк ќе остварам билатерални средби со колеги и меѓународни делегации кои учествуваат на Генералното собрание на Обединетите Нации, со акцент на презентацијата на достигнувањата на Косово, зачленувањето на земјата во меѓународните организации, привлекување директни инвестиции во земјата и други теми кои се во интерес за Косово.

Покрај тоа, во правец на јакнењето на партнерството со САД, ќе остварам средби со сенатори, конгресмени и влијателни личности во Вашингтон. – напиша Харадинај, порачувајќи дека “евроатлантскиот пат на земјата е неповратен”.

Од приштинскиот аеродром за САД заедно полетаа и Харадинај и претседателот на Косово Хашим Тачи.

Како што соопштија од неговиот кабинет, Тачи заедно со сопругата ќе бидат дел од приемот кој во ОН ќе го приреди претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп.

Косовската делегација, составена од претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи Беџет Пацоли, во Њујорк ќе оствари многубројни билатерални средби со шефовите на државите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.