Владата во суштина започна проект за креирање нов "граѓански сектор" а УСАИД помага со поддрша која е раководена од Делина Фицо, поранешна сопруга на Еди Рама

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 13:14

Откако си го вработи “граѓански сектор”, Владата и УСАИД ќе “формираат” нов

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владата на Македонија на 93-тата седница ја разгледа и предлог-стратегијата за соработка и развој на граѓанскиот сектор со акциски план 2018-2020 година.

Според соопштенито на седницата беше разгледана и усвоена Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акцискиот план 2018 – 2020 година.

Создавањето на оваа стратегија беше дел од долг инклузивен и консултативен процес.

Стратегијата се темели на досега постигнатите резултати, но и разработува рамка за идни активности кои ќе овозможат понатамошно унапредување на соработката и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор, како коректив на политиките, сервис на граѓаните и канал за солидарност, партнер на државата и бизнисот и двигател на ЕУ интеграцијата.

Владата ја усвои Информацијата за потребата од изработка на Национална стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализам. Изготвувањето и спроведувањето на Стратегијата е во согласност со Програмата на Владата на Република Македонија, како и во согласност со стратешките приоритети на Владата за 2019-та година.

Нејзината цел е да се подобри интеркултурната толеранција во Македонија помеѓу различните култури и заедници, како и преку неа да се спроведат препораките на Советот на Европа од последниот извештај на Европската Комисија.  

За изработка и спроведување на Стратегијата ќе биде формирана координативна група чии членови ќе бидат претставници од повеќе надлежни министерства и државни институции.

Во исто време УСАИД најави дека ќе додели 90.000 американски долари на невладиниот сектор и на младите. 

Директорот на канцеларијата за општ развој на УСАИД во Македонија, Едвард Гонзалес денеска во Штип истакна дека се работи за повик за проекти кои се поврзани со најважните прашања кои ги засегаат заедниците.

Со проектот за граѓанско учество всушност УСАИД сака да ја постигне иницијативноста кај граѓанските организации, а пред се кај младите да бидат пред се позитивни двигатели во заедниците. истакна Гонзалес.

Овој повик е во рамките на пет годишна иницијатива на УСАИД за развој на општеството, преку која се доделени 9.5 милиони долари за грантови и техничка помош. Дел од парите завршиле за проекти кои ги реализирале штипски невладини организации.

Најголемиот грант кој се доделува е во износ од 120.000 долари и е наменет за мрежа на граѓански организации. Меѓу нив се Платформата за спречување на корупцијата, како и развој на вештини за вработување на младите.

САД ќе тужи вработени во УСАИД и вработени во амбасадите во Тирана и Скопје за поддршка на активности на Сорос

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести