Во истражувањето учествувале 3.592 Афроамериканци од градот Џексон, Мисисипи, САД, и траело осум години.

Објавил: Весна Петровска | 2 јули, 2019 10:35

Откако ќе го прочитате ова се помалку ќе седите пред телевизор – еве зошто!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во најновото истажување од страна на Американските научници резучтатите покажале дека предолгото седење пред телевизор го зголемува ризикот на срцевите заболувања, ризик од висок крвен притисок и дијабетис.

Во истражувањето учествувале 3.592 Афроамериканци од градот Џексон, Мисисипи, САД, и траело осум години.

Телевизорот е штетен по здравјето

Според стручните лица, кај Афроамериканците срцевите заболувања се почести, па затоа истражувањето се сосредоточило на таа група граѓани.

Телевизорот го претпочитаат луѓе со пониски примања и понизок степен на образование. Тие не се движат многу, имаат повисока телесната маса, често пушат, се хранат нездраво, пијат повеќе и често имаат проблем со притисокот. Една третина од испитаниците изјавиле дека гледаат телевизија повеќе од четири часа дневно.

Резултатите од истражувањето покажаа дека компјутерот го претпочитаат претежно жени во средна возраст, со повисоки приходи, но и со натпросечна тежина. Тие помалку се движат, но се хранат релативно здраво и обично не пушат и не пијат.

– Разликата меѓу седењето пред телевизор и работата на компјутер е тоа што луѓето при работа почесто стануваат и немаат толку време за штетните навики, наведе Џенет Гарсија, раководителката на истражувањето од Универзитетот на Централна Флорида.

Поврзаност меѓу седењето пред телевизор и срцевите проблеми, не е забележана кај луѓето кои спортуваат по 150 минути неделно.

УНИЦЕФ пак направи истражување колку децата го поминуваат денот на Интернет.

Девет проценти од малолетниците во просек дневно поминуваат повеќе од девет часа на интернет, 41,2 проценти од два до пет часа, а до два часа 36,1 проценти, покажува анкетата на Агенцијата за електронски комуникациии, спроведена од 23 до 31 мај годинава.

Педесет и шест проценти од домаќинствата со малолетни лица кои пристапуваат на интернет не се свесни дека постои софтвер за родителска контрола што на децата ќе им овозможи безбеден интернет. Таков софтвер имаат инсталирано само осум проценти од домаќинствата што се свесни дека постои,

Повеќе од половина (54 проценти) од испитаниците што немаат таков софтвер се заинтересирани да го инсталираат во иднина, но мнозинството (91 проценти) од нив не знаат каде можат да го набават.

Според извештај на УНИЦЕФ, секое четврто дете на претшколска возраст и над половина од децата кои одат во училиште поседуваат барем по еден дигитален апарат, најчесто „паметен телефон“, лап топ и таблет компјутери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.