Исто така во извештајот стои дека поништени се, 27 отсто од тендерите од сите постапки за јавни набавки.

Објавил: Весна Петровска | 23 мај, 2019 10:12

Откога дојде СДСМ на власт тендерите се прават по едношалтерски систем (четири очи) нема конкурс?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Наодите на мониторингот на јавните набавки спроведени во перидот јули-декември 2018 година, имало голем број на тендери, намалена конкуренција, и склучени договори на кои немало објавно оглас.

– Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена во однос на првото полугодие. Гледано на годишно ниво, во дури 32 отсто од мониторираните тендери е добиена само една понуда. Зголемена е примената на нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Во 2018 година се склучени вкупно 596 договори без објавување оглас, во вредност од 33 милиони евра, што е за 4 милиони евра повеќе од 2017 година, стои во извештајот.

Исто така во извештајот стои дека поништени се, т 27 отсто од тендерите од сите постапки за јавни набавки.

Ниската конкуренција, многу тендери со по еден понудувач се причините за големиот процент на поништени тендери, стои во извештајот.

Фирмите во 2018 година доставиле 695 жалби до Државната комисија за жалби по јавните набавки, што претставува зголемување во однос на претходната година за дури 37 отсто.

Најновата анкета, пак, меѓу фирмите покажува дека најчест проблем со којшто се соочуваат фирмите во јавните набавки и натаму е “најниската цена” како единствен критериум.

Но се уште дел од фирмите сметаат дека во земјава при процесот на јавни набавки често има корупција.

Овој Мониторинг за јавни набавки е подржан од УСАИД и има цел за зголемување на ефикасноста на јавното трошење преку намалување на корупција и зголемување на транспарентноста при јавните набавки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...