Откорнати дрвја, покриви, оштетени автомобили можеа да се видат вчера по улиците на главниот град. Силниот ветер успеа да ја откорне дури и фасадата на МЕПСО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 февруари, 2020 11:36

Откорната фасадата на МЕПСО- Шилегов и Богдановиќ удрија по Скопје 2014

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера Македонија ја зафати силен ветер кој направи големи материјални штети. Силниот ветер во Скопје бил со брзина од над 100 километри на час, информира утринава Управата за хидрометеоролошки работи.

Откорнати дрвја, покриви, оштетени автомобили можеа да се видат вчера по улиците на главниот град. Силниот ветер успеа да ја откорне дури и фасадата на МЕПСО.

Саша Богдановиќ со ккоментар за паднатата фасада на МЕПСО…

Големи парчиња стиропор од фасадата на МЕПСО беа уништени, а фотографиите веднаш осамнаа на социјалните мрежи. Меѓу првите беше градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој објави фотографии од откорнатата фасада и напиша:

„Што да се прави со проектот „Скопје 2014“ ?!… Сам се руши АД МЕПСО нема повредени“, напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на Општина Ценатр Саша Богдановиќ.

Со фотографии на Фејсбук, се огласи и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој ја прокоментира ситуацијата со паднатата фасада на МЕПСО. 

 „Освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот Скопје 2014 е и небезбеден за животите на луѓето“.

Шилегов со коментар за паднатата фасада на МЕПСО…

Шилегов дополни поставувајќи нови фтографии на својот официјален Фејсбук профил дека Скопје 2014 “мора да се реши”.

За Скопје 2014 …

Причина повеќе за оние кои се сомневаа (за жал ги има, од сите политички провиниенции) дали треба да се реши Скопје 2014.

Да се разбереме. Скопје 2014 мора да се реши. Сега и веднаш. Најбрутално. На истиот начин на кој што го силуваа нашиот град.

Почнуваме после изборите.

И да !!! Конечно да (ќе) има одговорност за ова лудило.

Шилегов објави и фотографија од оштетениот кров на Хемиското училиште, кој е реконструиран во 2009 година.

Бидејќи вистината боли, па почнаа да спинуваат.

Кровот на Хемиско е “реконструиран” во 2009 година, кога министер беше Никола Тодоров и тоа од страна на министерството. Квалитетот на “реконструкцијата” е видлив на фотографијава.

Годинава, ние ја реконструиравме фасадата на училиштето (енергетски ефикасна). Како што гледате, фасадата е во одлична состојба, што богами, за фасадите од Ск 2014 не може да се рече …

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.