Писмото се чуваше во последниот владин центар за надворешни пратки, спречувајќи го да стигне до Белата куќа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 септември, 2020 18:13

ОТКРИЕНА ЖЕНАТА КОЈА САКАШЕ ДА ГО ОТРУЕ ТРАМП: Ова се нови детали за нападот врз претседателот на САД

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Полицијата идентификуваше жена осомничена дека испратила писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, во кое имало смртоносно рицинусово масло.

Пликот, кој најверојатно бил испратен од Канада на адреса на Белата куќа и бил пресретнат од американската полиција. Не беа откриени никакви детали освен дека е идентификувана жената.

Писмото се чуваше во последниот владин центар за надворешни пратки, спречувајќи го да стигне до Белата куќа.

„Федералното биро за истраги и нашите соработници од разузнавачката служба на САД и Службата за поштенска контрола го анализираат сомнителното писмо, кое пристигна во центарот за пратки на американската влада“, се вели во соопштението на ФБИ. Во овој момент нема индиции дека јавната безбедност е загрозена.

Заедничката работна група за борба против тероризмот во Вашингтон започна истрага со помош на полицијата во Њујорк и полицијата на Кралската канадска коњаница (РЦМП).

Истражителите рекоа дека не е воспоставена никаква врска помеѓу писмото со отров и меѓународните терористички организации, без откривање докази. Официјални лица, сепак, велат дека истрагата е во рана фаза и засега не исклучуваат каква било можност.

Рицин е силен отров добиен од семето на растението рицинус. Отровот е толку силен што доволно количество прав со големина на неколку зрна сол е доволно за да се убие лице во рок од три до пет дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.