Студијата беше спроведена на над 1.900 испитаници во Шпанија и Италија, заболени од COVID-19, а резултатите беа споредени со 2.000 луѓе кои не биле болни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јуни, 2020 11:04

ОТКРИЕНО КОЈА КРВНА ГРУПА Е НАЈПОДЛЕЖНА НА КОРОНАВИРУСОТ!

Фото/Текст извор: ©ало.рс

Шансата за добивање на коронавирус е околу 45 проценти поголема за крвната група А, а околу 35 проценти помала за крвната група нулта отколку за другите крвни групи.

Студијата беше спроведена на над 1.900 испитаници во Шпанија и Италија, заболени од COVID-19, а резултатите беа споредени со 2.000 луѓе кои не биле болни.

Повеќето студии направени од повеќе места во светот објавија поголем ризик од развој на тешка форма на болеста кај лица со крвна група А и намален за крвната група 0.

Во новата студија, научниците откриле дека луѓето со крвна група А имаат зголемен ризик од инфекција со коронавирус за 45 проценти.

Неодамна, пред 3 месеци, една студија од Кина покажа дека луѓето со крвна група А се поподложни на инфекција отколку луѓето со крвна група нулта кои се повеќе заштитени од вирусот. По резултатите од овие студии, најголем страв на научниците е дека луѓето со крвна група нулта ќе се релаксираат премногу додека пак луѓето со крвна група А ќе паничат.

– Овие резултати не смеат да се користат со цел да се опуштат и да не се преземаат мерки што се задолжителни заради заштита – забележува Др. Мери Кушман, хематолог и професор на Универзитетот во Вермонт.

Повеќето студии направени од повеќе места во светот објавија поголем ризик од развој на тешка форма на болеста кај лица со крвна група А и намален за крвната група 0.

Една неодамнешна студија спроведена во седум италијански и шпански болници, кои бараа гени во човечкиот геном поврзани со поголем или помал ризик од развој на тежок COVID-19, некако неочекувано го издвои генот одговорен за различноста во крвните групи.Овој ген (т.н. АБО локус на хромозомот 9) се покажа дека е едно од само две места во човечкиот геном што предизвикува зголемена подложност на развој на тешка форма на заболување COVID-19.
Тоа е силна научна потврда дека ризикот од развој на тешка форма на болеста е навистина поврзан со крвните групи. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.