„Ми кажа дека сум ставен на ПИ-мерки и ако сакам да ме застапува, да му платам 100 илјади евра. Тие да се за почеток, за информацијата што ми ја дал. Ми понуди ако сакам да ме застапува и да ми издејствува поблаги мерки во истрагата за што ми даде скала, ценовник, бидејќи можел да влијае, таква беше неговата понуда“, сведочеше Камчев.

Објавил: Весна Петровска | 6 декември, 2019 11:53

ОТКРИЕНО ЦЕЛОТО СЦЕНАРИО: Орце Камцев открива како почнал Боки 13 да го уценува!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

На денешното рочиште за случајот „Рекет“ сведочи и бизнисменот Орце Камчев тој пред судиите раскажа како започнале сето ова, и исто така тој открива дека за прв пат во август 2018 година дознал дека се води истрага против него од адвокатот Васил Димишков, брат на судијката на претходната постапка Весна Димишкова која подоцна беше дел од истрагта „Империја“.

„Ми кажа дека сум ставен на ПИ-мерки и ако сакам да ме застапува, да му платам 100 илјади евра. Тие да се за почеток, за информацијата што ми ја дал. Ми понуди ако сакам да ме застапува и да ми издејствува поблаги мерки во истрагата за што ми даде скала, ценовник, бидејќи можел да влијае, таква беше неговата понуда“, сведочеше Камчев.

Потоа тој раскажа како Бојан Јовановски му барал пари за реклами во 1 ТВ.

 „Бојан Јовановски првин ми побара пари, преку реклама, да уплатам во неговата телевизија. Во ресторанот ‘Суши’ се сретнавме, рече бил многу влијателен. Преку директорката во мојата компанија понудивме 50.000 евра за реклама. Подоцна таа ми кажа дека бил навреден од сумата, била мала. Подоцна тој бараше нова средба. Дојде со препишан бизнис план, за изградба на ВИП-фешн молови. Беше присутна и Јасна Мандиќ. Прашав, имаш ли локација? Рече имам во Карпош, ама немам намера да му се јавувам на градоначалникот Стефан Богоев, ме заеба, а му имам многу помогнато. Ја сврте последната страница од договорот, потпишан беше Лазар Јанев, синот на Катица. Сакаше да ми наплати 4 милиони евра, толку кошташе проектот, лиценцата за проектот. Ќе си имаш проблеми ако не го потпишеш. Не го потпишав, нормално“, вели Камчев.

Алчноста на Бојан Јовановски почнало да резултира откако му се видело малку пари од Камечев за рекламата, Боки 13 му пратил фотографија на Инстаграм со тогашната специјална обвинителка Катица Јанева, и се така започнала да се креира истрагата за „Империја“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.