Во текот на изминатата недела (21.02 - 27.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 227 возила од јавните површини.

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 февруари, 2020 11:00

ОТСТРАНЕТИ 227 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во текот на изминатата недела (21.02 – 27.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 227 возила од јавните површини, пишува на официјалната страница на град Скопје. 

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 40 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 187 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 387 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Од нив, 40 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, stoi vo soopštenieto.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...