Порача дека Бугарија е подготвена да ги продолжи разговорите, кога како што рече, дијалогот ќе се водел со желба и компромиси од двете страни.

Објавил: Перо Милчин | 17 ноември, 2020 18:55

ОФИЦИЈАЛНО: Бугарија стави вето за почеток на преговори на Македонија со ЕУ!

Фото/Текст извор: ©kanal 5

И официјално. Попладнево Бугарија стави вето на преговарачката рамка на Македонија, која и натаму, останува во чекалната на Европската Унија. Блокадата ја формализираше шефицата на бугарската дипломатија Захариева на брифинг во Софија, пишува Канал 5!

Предлозите на Скопје не ги одразуваат бугарските барања и не можат да бидат поддржани во сегашната форма, нагласи Захариева, која воедно потенцираше дека Софија дава зелено светло за рамката на Албанија.

Порача дека Бугарија е подготвена да ги продолжи разговорите, кога како што рече, дијалогот ќе се водел со желба и компромиси од двете страни.

-Бугарија во оваа фаза не може да ја оддржи преговарачката рамка за Македонија, како и одржување на првата меѓувладина конференција. Настојувавме во преговарачката рамка да се вметнат три основни услови.

Придржување кон формулацијата за јазикот од 99-та година, потоа потврдена со Договорот во 2017 година, патоказ за спроведување на Договорот од 2017 година и многу јасен текст дека не да се поддржуваат претензии за македонското малцинство во Бугарија. Овие услови се уште не се вклучени во преговарачката рамка., изјави Екатерина Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија

Захариева ја потврди блокадата додека во Брисел се одржуваше виртуелен состанок на Совет за општи работи, каде што Македонија, и покрај извесното бугарско вето, сепак се најде на дневен ред.

Пред почетокот на министерскиот совет, претседавачот со Советот, германскиот министер за Европа, Михаел Рот, порача дека Македонија ја има поддршката од Берлин, а дека проширувањето не смее да биде заложник на билатералните прашања.

-Во најдобар интерес на Eвропската Унија е обете земји да ги започнат пристапните преговори што е можно поскоро на меѓувладина конференција. Се надевам дека сите колеги и сите земји-членки ќе размислат за овој заеднички интерес и дека ќе бидат подготвени да бидат прагматични и во најдобра смисла на зборот солидарни. Процесот на пристапување не смее да биде заложник на билатералните барања на одредени земји членки., вели Михаел Рот, германски министер за Европа.

Ставот на македонскиот државен врв е дека ќе продожат да преговараат со Бугарија до последен момент, но не ако во разговорите се вклучени и јазикот и идентитетот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести