Од месец март годинава исто така се лета со цени од 20 евра до Малме и Милано.

Објавил: admin@magazin | 3 јули, 2019 19:34

ОФИЦИЈАЛНО: „Визер“ од оваа сабота воведува нов лет од Охрид до Дортмунд!

Фото/Текст извор: ©скопје 24

Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ од 6. месецов (сабота) воведува нова линија Охрид-Дортмунд.

На новата релација „Визер“ ќе лета двапати неделно, секој вторник и сабота. Таа е дел од четирите нови авиолинии што ги воведува авиокомпанијата од аеродромот во Охрид предвидени со договорот за субвенционирање со Владата, покрај кои се воведоа и четири нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје.

Од двата македонски аеродроми, во Скопје и Охрид, Виз ер опслужува 39 рути до 16 држави.

Од месец март годинава исто така се лета со цени од 20 евра до Малме и Милано.
Со овие авиолинии оперира Визер а покрај тоа што станува збор за нискобуџетни летови, билетите ќе бидат уште поевтини, затоа што се работи за нивно субвенционирање, откако „Виз ер“ го доби новиот оглас на Министерството за транспорт и врски, а услов да се добијат петте милиони евра во наредните три години беше воведувањето на нови линии, особено од Охрид.

„Визер“ превезе преку 1,4 милиони патници на своите летови од и кон Македонија во 2018 година, што претставува раст од 14,4 проценти во однос на претходната година.

Авиокомпанијата имаше пазарен удел од 62 отсто, а во 2018 година на неа отпаднаа 85 отсто од сите патници кои патувале со нискобуџетни превозници во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...