Константин Георгиески кандидат за градоначалник на Охрид од СДСМ

Објавил: Владо Марин | 13 јули, 2021 22:50

Официјално: Константин Георгиески кандидат за градоначалник на Охрид од СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДСМ вечерва на седница на Извршниот одбор ги потврди првите дваесет кандидати за градоначалници од нивната партија за претстојните локални избори.

Актуелниот градоначалник Константин Георгиески повторно е кандидат за Охрид, а исто така и за останатите општини во најголем дел кандидати се сегашните градоначалници.

Според ТВ24 ова се досега потврдените кандидати.

За Арачиново е Миликије Халими, за Бутел Велимир Смилевски, за Богданци Блаже Шапов, за Валандово Перо Костадинов, за Босилово Зоран Зимбаков, за Вевчани Сашо Јанкоски, за Виница Ивица Димитров, за Градско Роберт Бешовски, за Делчево Горан Трајковски, за Демир капија Лазар Петров, за Дојран Анго Ангов, за Зелениково Борче Гиевски, за Карабинци Јордан Насев, за Кисела вода Филип Темелковски, за Конче Благој Илиев, за Крушево Томе Христоски, за Маврово Медат Куртовски, за Лозово Ацо Велковски, за Новаци Љубе Кузманоски, за Пехчево Славчо Пауновски, за Пробиштип Драган Анастасов и за Петровец Борче Митевски.

извор: ТВ24

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.