Неговата одбрана тврди дека до сега поканите не му биле уредно доставувани и нема основа за решение за притвор, како начин за негово обезбедување на рочиштата!

Објавил: Владо Марин | 14 јули, 2020 16:54

Официјално МВР со потерница го бара екс судијата Панчевски

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На интернет страницата на Министерството за внатрешни работи (МВР) во делот потерници преку распишана национална потерница се бара поранешниот судија и претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Панчевски Владимир, од татко Здравко, мајка Цвета, роден на 01.05.1974 во Скопје, со живеалиште на ул.Даме Груев бр.7/5-15 во Скопје, се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Велес К.бр.242/2019 од 14.07.2020, а врз основа на решение на  судот со кое му е определена мерка притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 ст.2 од КЗ“, стои на сајтот.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев објави дека МВР ќе распише потерница, постапувајќи по решение на Основниот суд од Велес, пишува mms.mk!

Потерницата е распишана откако полицијата се обиде да го обезбеди за судењето за злоупотреба на АКМИС системот, дело за кое требаше да му се суди во Велешкиот суд.  Панчевски не се појави на ниту едно закажано рочиште.

Неговата одбрана тврди дека до сега поканите не му биле уредно доставувани и нема основа за решение за притвор, како начин за негово обезбедување на рочиштата!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.