Од 1 август се воведуваат летови од Скопје до Турку, Финска и Ларнака, Кипар, а од Охрид до Меминген и Дортмунд во Германија.

Објавил: Перо Милчин | 29 јули, 2019 13:52

ОФИЦИЈАЛНО: Нови четири дестинации со „Визер“ од Скопје и Охрид!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во среда на Аеродромот во Скопје, ТАВ Македонија ќе одржи свеченост, каде ќе промовира 4 нови дестинации од македонските аеродроми со авиокомпанијата „Визер“.

Во среда пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, г-дин Горан Сугарески, г-дин Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и г-ѓа Паулина Госк, која е одговорна за корпоративни комуникации во „Визер“.

Од 1 август се воведуваат летови од Скопје до Турку, Финска и Ларнака, Кипар, а од Охрид до Меминген и Дортмунд во Германија.

Wizz Air Hungary е унгарска нискобуџетна авиокомпанија со седиште во Аеродром Лиц Ференц Будимпешта.
Авиокомпанијата обично опслужува споредни аеродроми низ Европа, Израел и Обидинетите Арапски Емирати.

Има најголема флота од сите унгарски авиокомпании, иако не е државен авиопревозник. Моментално опслужува 42 земји.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.