Дел од новите мерки објави претседателот на техничката влада Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

Објавил: Перо Милчин | 6 април, 2020 15:14

ОФИЦИЈАЛНО: Од среда полицискиот час ќе почнува од 16 часот!

Фото/Текст извор: ©канал 5

Од среда на сила нов поригорозен полициски час на територијата на цела Македонија.

Според информации на Канал 5 владата на денешната седница одлучила забраната за движење од понеделник до петок да почнува од 16 часот и да трае до пет часот следниот ден утрото, додека во текот на викендот ќе се воведе 24-часовен полициски час како што беше во Куманово во текот на изминатиот викенд.
Владата на денешната седница одлучила забраната за движење од понеделник до петок да почнува од 16 часот и да трае до пет часот следниот ден утрото, додека во текот на викендот ќе се воведе 24-часовен полициски час како што беше во куманово во текот на изминатиот викенд.

Дел од новите мерки објави претседателот на техничката влада Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

Тој напиша дека е целосна забраната за малолетните лица освен од понеделник до петок од 13 до 15 часот. Оние над 67 години имаат целосна забрана за движење освен од понеделник до петок од 10 до 12 напладне
Вчера министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти досега се заболени 52 медицински лица од корона вирусот, што претставува 9,5% од вкупниот број регистрирани случаи во земјава. 34 од нив се инфицирале на своето работно место.
Според информациите до кои дојде Канал5, 22 од заразените здравствени работници потекнуваат од Куманово. 16 се од Општата болница, двајца од Здравствениот дом и четворица од приватните здравствени установи.

Инаку, од Државниот здравствен инспекторат информираа дека редовно спроведуваат контроли и надзори. Последно, ненајавено ја посетиле токму Инфективната клиника, каде утврдиле дека нарушувања нема.

Од Инспекторатот соопштија дека доследно се почитуваат протоколите, а здравствените работници користат заштитна опрема и дезифициенци, согласно мерките се задржуваат најмногу два часа во болничкиот оддел и пред да излезат во филтер зоната ја соблекуваат облеката и ја фрлаат во корпа за медицински отпад.

Токму на оваа Клиника, хоспитализирани се 77 пациенти, од кои 11 се поставени на респираторна машина.
Покрај медицинскиот персонал и полицијата е во повисок ризик од заболување од корона вирусот. Во нивните редови се заразиле 12 вработени, а 36 се во самоизолација. Од МВР соопштија дека редовно се врши дезинфекција на просториите, а епидемиолозите ги утврдуваат контактите на заболените полицајци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести