Целта на овој Јавен повик е поддршка на иновативни решенија за локалните проблеми со кои се соочуваат општините.

Објавил: Владо Марин | 29 октомври, 2020 21:12

ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН ЈАВНИОТ ПОВИК „ЕУ ЗА ОПШТИНИТЕ – ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ОПШТИНСКИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНОВАТИВНИ КОНЦЕПТИ”

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градоначалникот Шилегов, кој е и претседател на ЗЕЛС, денеска преку Zoom апликацијата учествуваше на информативната сесија за официјалното отворање на Јавниот повик „ЕУ за општините – Подобрување на локалните општински услуги преку иновативни концепти”. На сесијата со свои обраќања учествуваа и Дејвид Гир, Амбасадор на ЕУ во РСМ и Горан Милевски, Министер за локална самоуправа.

Целта на овој Јавен повик е поддршка на иновативни решенија за локалните проблеми со кои се соочуваат општините.

Финансиската поддршка ќе биде поткрепена и со размена на искуства, особено практични искуства од ЕУ во областа на технолошките, регулаторните, социјалните и управните иновации.

Локалните самоуправи во ЕУ имаат значително искуство кое можат и сакаат да го споделат со локалните самоуправи во земјата.

Главните приоритетни сектори на претстојниот Јавен повик ќе бидат: Иновативни општински услуги и иновативни решенија за унапредување на постојните услуги; Социјална грижа и општински социјални услуги, подобрување на локалните капацитети и подготвеност за управување со кризи; Економско опоравување од кризата предизвикана од пандемијата, можности за работни места и вештини на локално ниво во областа на економијата на знаење; “Green deal” приоритети, како што се ублажување и приспособување на климатските промени, одржливо користење на природните ресурси.

Вкупната вредност на повикот за предлози е 5 милиони евра (поддршка на индикативно 6 до 10 грантови за општините).
Целите, приоритетите и барањата на повикот пред учесниците на информативната сесија за официјалното отворање на Јавниот повик „ЕУ за општините – Подобрување на локалните општински услуги преку иновативни концепти” ги презентираа Карл Џачинти, одговорен менаџер за проектот, Делегација на ЕУ, Клаус Рихтер, тим лидер на проектот и експерт за техничка помош и Бардул Марку, експерт за техничка помош.

Бидејќи беа достапни само ограничен број места заради КОВИД-19, информативната сесија одеше на Интернет преку ЗООМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести