Премиерот Заев отпатува во Србија  по повод пуштањето на Коридорот 10.

Објавил: Весна Петровска | 18 мај, 2019 22:16

Официјално пуштен Коридорот 10: Од Скопје до Белград за 3 ипол часа

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Официјално е пуштен патот кој од Скопје до Белград ќе патуваме за само три ипол часа.

Премиерот Заев отпатува во Србија  по повод пуштањето на Коридорот 10.

– Така е кога се работи вредно и посветено. Од Скопје до Белград сега ќе се патува за три и пол часа. Автопатот е од големо значење не само за Србија туку и за Северна Македонија, но и за целиот регион“, рече меѓудругото Зоран Заев на церемонијата под мостот кај Владичин Хан што за цело време беше осветлен во српските национални бои (бела, црвена, сина).

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им се заблагодари на сите европски партнери и изјави дека со овој потфат ги надминал сите соништа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести