Големиот настан ќе се одржи во понеделник, 1 јули 2019, со почеток од 8:30 часот на платформата на Охридскиот аеродром.

Објавил: Перо Милчин | 30 јуни, 2019 16:16

ДОБРА ВЕСТ: Утре слетува првиот авион на „Еуровингс“ од Штутгарт до Охрид!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Утре околу 9:25 часот на Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, се очекува летот на „Еуровингс“ со првите патници од Штутгарт.

Големата свеченост ќе се одржи во понеделник, 1 јули 2019, со почеток од 8:30 часот на платформата на Охридскиот аеродром. Еurowings Luftverkehrs AG е авиокомпанија базирана во Дортмунд, Германија.

Авиокомпанијата беше основана во 1992 и започна со операции на 1 јануари 1994 г. Беше формирана со спојување на NFD Luftverkehrs AG од Нирнберг и RFG Regionalflug од Дортмунд. До 31 Декември, 2006, Луфтханза имаше 49% од пакетот акции во компанијата.

На настанот е соопштено да зборуваат г.Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија; г.Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство и г-ѓа Живка Ангелоска, претседател на Советот на Општина Охрид.

Таа е регионална авиокомпанија, дел од Lufthansa Regional, која оперира на домашни и регионални авио дестинации. Седиштето на авиокомпанијата е лоцирано на аеродромот во Дортмунд, со помали бази на аеродромите во Диселдорф, Нирнберг, Минхен и Хановер.

На 29 јануари 2008 г. беа објавени планови за спојување на нискобуџетните авиокомпании од групациите на Луфтханза и TUI Travel PC во единствена нискобуџетна авиокомпанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести