Бајден ќе има 78 години на инаугурацијата, со што ќе биде најстариот претседател во историјата на САД. Тој се враќа во Белата куќа после четири години, откако претходно беше потпретседател во двата мандата на Барак Обама.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 ноември, 2020 18:02

ОФИЦИЈАЛНО: Џо Бајден избран за претседател на САД

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Кандидатот на демократската партија Џо Бајден е избран за 46. претседател на САД, јави Си Ен Ен!

Бајден ќе има 78 години на инаугурацијата, со што ќе биде најстариот претседател во историјата на САД.

Тој се враќа во Белата куќа после четири години, откако претходно беше потпретседател во двата мандата на Барак Обама.

Џо Бајден ќе биде 46. претседател на САД !!!

Само еден час пред оваа објава на АП, актуелниот претседател Доналд Трамп објави дека тој победил на изборите за претседател во САД што предизвикаа илјадници негативни и шегаџиски коментари на негова сметка.

Трамп на Твитер му порача на Бајден дека нема право да тврди дека победил на изборите, најавувајќи правна битка.

Трамп вели дека предноста што ја имал во текот на изборната ноќ во некои сојузни држави по некое чудо исчезнала, но се надева на гласовите на американските војници поради високата популарност која Трамп ја има во армијата.

Станува збор за над 250 илјади војници чии гласови се уште не се избројани. Обраќајќи им се на приврзаниците, кандидатот на демократите Бајден побара стрпливост додека секој глас не се преброи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.