Се чини дека Охрид е единствениот град каде што сеуште неовластено работат дилерите за размена на девизи, а домашните чауши паркираат и на тротоар додека полицијата тоа не смее да го види

Објавил: Едмонд Бекири | 6 октомври, 2018 12:25

Охридските полицајци, статисти или пак страв за работното место?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се започна кога еден наш читател ни дојави за непријатноста која тој ја доживеал пред две недели во Охрид. Имено тој морал да плати казна за непрописно запирање, кое што и уредно  го направил.

Но она што нашиот читател го изритирало, е целата постапка на кој начин работи охридската полиција.

Исказот од нашиот читател:

Морав да одам во аптека бидејќи за неколку часа итно требаше да патувам за Скопје. Направив два три круга кај Охридска Банка и кај пазариштето, но паркинг никаде. Откога видов дека нема да можам да најдам паркинг се одлучив да паркирам и по цена да добијам казна за да појдам во аптеката која е само 5 метри од патот.

Дилерот му прети на начиот читател во присуство на охридската полиција

Само што влегов во улицата туристичка добредојде ми посака дилерот кој со години стои тука и спротивно на законот менува пари. Го одбив уредно и вклучив четири светла и се упатив кон аптеката. Не помина една минута надвор беше веќе полициска патрола од двајца млади полицајци, кои  ја сликаа колата и беа на пат да побараат служба за кревање на коли. Во тој момент излегов и им реков дека јас сум тој што запрел погрешно и дека  се враќам само да ги земам лековите.

Полицајците уредно ме почекаа и кога се вратив ме прашаа од кои причини сум застанал на сред пат и сум ја  блокирал десната лента од патот.? Јас им реков дека сум свесен но би сакал да ги казнат и дилерите на пари кои на секој 5 минути на истото место запираат возила и со тоа уште повеќе го блокираат патот . На ова еден од  дилерите додека разговарав со полицајците, дофрли од страна дека тие мене не ме принудиле со сила да застанам,  и  не се криви што сега морам да платам казна, а  кога дојде полицијата се криеја како глувци. На ова јас му одговорив на дилерот, дека не е негова работа да се меша во разговорот и подобро да оди нешто да работи отколку да прави хаос во сообраќајот.

Дилерот го запира возачот и со тоа возачот прави прекршок за  недозволено запирање и паркирање и ја блокира десната коловозна лента!

На ова дилерот тргна кон мене и почна да ми прети дека ќе се „разберел„ со мене кога ќе заминеле полицајците. Изненаден од чудната ситуација ги прашав полицајците, дали е нормално некој да ми прети во нивно присуство, на што полицајците со тивок глас му се обратија на дилерот (очигледно дека се познаваа) „ајде доста таму„. 

После оваа немила случка  ги прашав полицајците повторно,  дали тие го гледаат тоа што и јас гледам!?, бидејќи дилерите буквално го запираат секое возило и прават хаос а со тоа и те како го доведуваат сообраќајот во опасност, што мора да се санкционира, а згора на тоа  работат и  против законски, на што ми беше одговорено дека тие се задолжени само за сообраќајот.

После оваа дојава магазин.мк вчера се упати во Охрид за да се увери во веродостојноста на приказната.

Паркирање на тротоар пред очите на полицијата останува неказнето

Нажалост не само што се уверивме туку за време на посетата утврдивме  и бројни неправилности. Така на пример пред самата охридска банка на тротоар беше паркирано едно возило а полицијата иако помина во тој момент се направија слепи.

Во исто време ги посетивме и дилерите на пари, и навистина тие се сеуште таму и покрај дојавата на нашиот читател со писмо до полицијата.
Но очигледно дека полиција нема храброст и не смее да се пресмета со локаните чауши од типот на уличните дилери кои иако дојде ерата на дигитални картички сеуште стојат и го попречуваат сообраќајот, ем нелегално ем против законски а и опасно за возачите. По ова се поставува прашањето зошто ни служи полицијата и дали охридската  полиција има право на своите права? Зошто двојните аршини, вака ли се спрема Македонија за влез во Европската Унија? Од кого тоа се плашат полицајците што при очи на јавноста бегаат од нивната основна задача, одржување на јавниот ред и мир?

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани