Оваа хуманитарна акција се организира како замена за традиционалната Ифтарска вечера, која и оваа година мора да биде изоставена поради пандемијата со корона вирусот.

Објавил: admin@magazin | 29 април, 2021 19:32

Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница за социјални семејства

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во духот на меѓусебното почитување, соживотот и заедничкото одбележување на верските празници, Општина Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница, кои ќе бидат наменети за социјално ранливите семејства.

Оваа хуманитарна акција се организира како замена за традиционалната Ифтарска вечера, која и оваа година мора да биде изоставена поради пандемијата со корона вирусот.

Општина Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница, кои ќе бидат наменети за социјално ранливите семејства.

Деновите на Рамазанскиот месец се поклопуваат со Велигденските празнувања. Заедничкото чествување на празниците е дополнителна можност да ги зајакнеме соживотот и пријателство.

Нека верата во Бога ни даде сила да ги надминиме сите искушенија и преку искрена човечност и солидарност заедно да продолжиме да чекориме кон посветла иднина за нашиот град, истакна градоначалникот Георгиевски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани