Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид.

Објавил: admin@magazin | 31 јануари, 2019 22:57

Охрид – најубавиот Македонски бисер

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Охрид е град во југозападниот дел на Македонија, на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.

Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското населдство на УНЕСКО.

Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид. Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Виа Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот.

Охрид е главниот, културно историски град на Република Македонија, град со многу содржини и убавини, кои доколку се потрудите барем малку да ги побарате ќе видите дека им нема крај.

Тука доаѓаат туристи и посетители од различни градови од Македонија но и различни земји од светот во поголем или помал број и сите се вљубуваат во прв поглед во него.

Манастирот „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погребан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.

Кога некоја туристичка група го посетува Охрид, нејзиното движење од напред се знае. Се тргнува од плоштадот на кој од пред неколку години стои споменикот на патронот, заштитник Св. Климент Охридски, се оди по историската улица Цар Самуил, поминувајќи ги притоа музеј Куќата на Робеви, црквата Св Софија од XI век, Античкиот Театар, Горна Порта, Галеријата на икони, црквата Св. Богородица Перивлептос, Самуиловите Тврдини, Плаошник со Св. Климентовата возобновена црква посветена на Св. Пантелејмон и на крајот, црквата посветена на Св. Јован Богослов, кај месноста Канео.

Никој не би останал рамнодушен, чекорејќи по плочниците по кои е испишана неколку милениумската историја, или пак уживајќи во галењето на светликавиот одблесок на сонцето од водите на Охридското Езеро.

Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Во периодот јануари-август Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Во Албанија за осум месеци рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони...

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

МОНАКО – земјата со најмногу милијардери!

Монако е популарно живеалиште кај милијардерите, па така земјата стана водечка во...