Традиционално во Охрид на Водици, Светиот крст се фрла во водите на Охридското Езеро.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јануари, 2020 11:46

Охрид организира спектакл за Водици- последен кум беше Зоки Кичеец!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 19 јануари традиционално во Македонија се прославува празникот Водици, кога верниците скокаат во светите води да го фатат Светиот крст кој носи здравје. 

Традиционално во Охрид на Водици, Светиот крст се фрла во водите на Охридското Езеро.

Зоран Милевски- Кичеец беше кум на Водици во 2015 година во Охрид (фотоФокус.мк)

На тој ден илјадници посетители од целата земја ја следат манифестацијата којагодинава ќе ја отвори миленикот на женската публика Петар Грашо кој ќе одржи свој концерт на 18-ти јануари. Настанот ќе го затвори Миле Кузмановски со свој концерт на празникот Св. Јован, 20 јануари.

Фокус направи ретроспектива на настаните, и потсетува дека последен пат кум на оваа манифестација беше осудениот Зоран Милевски Кичеец и Жељко Јоксимовиќ но се уште не се знае дали годинава ќе има кум на настанот. Кум се избираше кога манифестацијата беше во организација на здружението Богојавление, но во 2016 година организацијата беше препуштена на МПЦ. Од тогаш не се избира кум.

Последниот кум на манифестацијата беше бизнисменот Зоран Милевски Кичеец кој е осуден на три години затвор за случајот Рекет, откако сам призна вина. Тој во 2016 за медиумите изјави дека му се остварила најголемата желба. Тој за јавноста откри дека уште кога бил дете скокал во охридското езеро да го фати крстот. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести