обезбедуваат доаѓањето на делегацијата.
На средбата ќе се презентира сето она што е направено во врска со декларацијата.

Објавил: admin@magazin | 9 ноември, 2019 17:20

ОХРИД ПОД ОПСАДА: Полиција на сите страни надлетуваат хелихоптери- пристигнаа ВУЧИЌ И РАМА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Главната туристичка дестинација во Република Македонија, Охрид денеска е под опсада поради доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, како и домаќинот Заев кој во овој град ќе ги продолжи разговорите за иницијативата на заедничкиот економски простор без бариери за капитал, роба и услуга.

Во улиците на градот и покрај езерото се поставени полициски службеници, а во време на доаѓањето на претседателите градот ќе го надлетуваат хеликоптери.

На патот Скопје-Охрид, посебно кај Охридскиот аеродром кај хотелот во кој ќе се одржат состаноците, се наоѓаат полициски екипи во униформи кои го обезбедуваат доаѓањето на делегацијата. 

На средбата ќе се презентира сето она што е направено во врска со декларацијата.

-Тие имаат задача да решат одредени работи, како што се отворањето граници до 2021 година, донесувањето прописи за пазарни инспекции и проток на стоки и капитал, неколку билатерални работи, изјави советничката на српскиот претседател.

Таа изјави дека иницијативата за овој документ потекнува од српскиот претседател Вучиќ, поради што првата средба се одржа во Србија, а Нови Сад беше избран како идна европска престолнина на културата.

-Вие ја видовте желбата на претседателот Вучиќ за регионални иницијативи и економијата да ја надмине политиката и конечно да започнеме да се справуваме самите со себе. На вечерата во Нови Сад, до детали беа утврдени принципите и основните точки кои утредента се најдоа во декларацијата, кажа Васиљевиќ, која присуствуваше на овие разговори.

Говорејќи за состанокот, таа рече дека тројцата лидери, Вучиќ, Заев и Рама успеале за три часа да се договорат за нешто што други не успеале ни за 30 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.