-Ова е ветер во грб за оваа Влада, Време е за заедничко координирано делување, време за компромиси нема. Ги повикувам и граѓанските организации заеднички да го водфиме овој заеднички процес. Верувам дека оваа Влада и за ова прашање ќе испорача резултати, изјави Едмонд Адеми министер без резор задолжен за дијаспора

Објавил: Весна Петровска | 5 јули, 2019 16:39

ОХРИД СЕ СПАСИ : УНЕСКО му даде рок на градот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Комисијата на Унеско во Баку му даде последна шанса на Охрид за да не се најде на листата на загрозени подрачја.

-Ова е ветер во грб за оваа Влада, Време е за заедничко координирано делување, време за компромиси нема. Ги повикувам и граѓанските организации заеднички да го водфиме овој заеднички процес. Верувам дека оваа Влада и за ова прашање ќе испорача резултати, изјави Едмонд Адеми министер без резор задолжен за дијаспора

УНЕСКО на Охрид му даде последна шанса до февруари да се урнат над 1000 дивоградби.

УНЕСКО му даде рок на Охрид до февруари да ги урне дивоградбите

-Ние веруваме дека времето кое ќе биде дадено на двете земји ќе го искористат за да направат промени и дека нема да се најдат на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО, изјави претставник на Унгарија во УНЕСКО

ВМРО – ДПМНЕ вели дека нема надеж за Охрид и дека дивоградбите нема да се срушат, ниту пад ќе се воеведе некаков ред со СДСМ.

– Целата држава знае дека дивоградбите на Советникот Нефи Усеини, кој што е во коалиција со СДСМ и е многу близок соработник на Зоран Заев и актуелниот градоначалник ги дозволува и ги штити директно Зоран Заев преку градоначалникот од СДСМ Константин Георгиевски. Дивоградбите на Нефи Усеини, бетонската база на Нефи Усеини на крајбрежјето на Охридското езерото, на само неколку метри од езерото, огромната тераса кај Чинарот во центарот на Охрид која што исто така е на Нефи Усеини и сите останати дивоградби кои што се повеќе од 400 во заштитената зона и над 1000 во целиот Охрид се под директна заштита од Зоран Заев и Константин Георгиевски и тоа единствена причина е заради предизборните коалиции со истиот советник кој што гради каде што ќе стигне Нефи Усеини и никој не го санкционира тоа, потенцира и додава:

-СДСМ го руиниса Охрид. Треба да одговараат сите оние кои што му се спротивставиле на законот, таму а во Охрид такви ги има многу. Еве еден пример од каде што почнува се, тоа е Нефи Усеини, Зоран Заев и Константин Георгиевски. Затоа, што побрзо падне оваа криминална власт на СДСМ и Заев, толку побрзо ќе се вратат работите во нормала, а сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат, вели Димче Арсовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.