Исто така пред две недели имало над 200 случаи на алергии и кожни инфекции предизвикани од езерската вода.

Објавил: Весна Петровска | 18 јули, 2019 13:06

ОХРИД СТАНА ДЕПОНИЈА: Извадена када од езерото – тажна е сликата за градот со културно наследство

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Охрид  важеше за град со природна убавина и културно наследство некако таа слика од ден во ден се повеќе исчезнува.

Секој ден на социјалните мрежи се појавуаат фоотграфии од кои граѓаните се згрозени. Последна таква фотографија беше кога во охридското езеро имаше када. Охридските нуркачи од клубот „Акватек“ објави дека е извадена кадата, која била забележана пред неколку дена на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на желбите.

Фотографијата била направена на оддалеченост од 100 метри од брегот, на длабочина од пет метри и беше споделена на Фејсбук.

По ова имаше информации дека во некоио делови на Охрид има поставени знаци забрането капење и дека езерото не е безбедно.

По 21 година во Охрид на плажите на потегот од Самоиловата тврдина кон Партизан, Младост се поставени знаци забpaнето пливање.

Исто така пред две недели имало над 200 случаи на алергии и кожни инфекции предизвикани од езерската вода.

На старата градска плажа, сега плажа Мизо, на кој потег летуваат 200-300 странски туристи, поставени се знаците за забрането пливање. Во одморалиштето Партизан моментално летуваат околу 100 деца, пишува МКД.мк.

Официјални инфомации за ова сѐ уште нема. Она од што го зборуваат мештаните дознаваме дека колекторот не бил во функција, паотпадните води, фекалиите директно се влевале во езерото. Забраната била поставена од Центарот за јавно здравје од каде одговорните лица по првите анализи на водата веднаш наредиле поставување на овие предупредувачки знаци, додава порталот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.