Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води.

Објавил: Владо Марин | 17 јануари, 2021 12:17

ОХРИД СЈАЕ: Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Од утрово екипи на ЈП “Охридски Комуналец” поставуваат државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште.

Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици!

Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води.

Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби.

Општина Охрид, уште еднаш упатува апел до граѓаните при посета на верските објекти да се придржуваат кон здравствените протоколи, задолжително да носат маска, оддржуваат дистанца и ги дезинфицираат рацете.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани