Доколку офтамологот Ѓулистана Марковска може да е експерт за законот за обвинителство, тогаш професорот Калајџиев може да препишува терапија за катаракта

Објавил: Данаил Михајловски | 29 март, 2019 13:49

Очни лекари станаа експерти за СЈО, јавното обвинителство и кривичниот законик

Фото/Текст извор: ©магазин

Во Македонија по се изгледа дека секој стана експерт за се и сешто. Таков впечаток се доби и на вчерашната емисија на Вести24, во која еден од учесниците беше и Ѓулистана Марковска, лекар специјалист по очни болести, поранешен пратеник од Сојузот на реформски сили на Стојан Андов, а потоа пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Во емисијата учествуваше и Слаѓана Тасева, која е професор на факултетот за безбедност, како и новинарот Бранко Героски кој повеќе од две децении ги следи и ги коментира политичките и општествените случувања во Македонија.

Но, најзанимливите делови на емисијата сепак беа оние во кои докторот офтамолог Ѓулистана Марковска ги убедуваше соговорниците и јавноста за законските рокови за поднесување на обвинителски акт, за процесните постапки пред судовите, за тоа што е а што не е неовластен тужител, како и за употребата на нелегални докази во правниот промет. Ако имате малку креативност, замислете дебатна емисија за офтамологија, каде професорот по кривично право Гордан Калајџиев ќе зборува за хируршка интервенција за катаракта, проф. Слаѓана Тасева ќе говори за глауком и интраокуларен притисок, а професорот Тони Дескоски за терапија против очен коњуктивитис.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...