Под градежно вештачење се подразбира вештачење на материјалите од кои е изградена болницата според проектот, нивните хемиски својства и дали истите се според пропишаните стандарди, вели професорот и архитект Мишко Ралев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 септември, 2021 6:03

ОЈО: НАЛОГ ЗА ГАРДЕЖНО ВЕШТАЧЕЊЕ НА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

Фото/Текст извор: ©24 mk

Технолошкиот факултет се вклучува во истрагата за опожарената модуларна болница во Тетово. Отаму ќе го вештачат објектот кои за само неколку минути целосно изгоре на 8 Септември.

Под градежно вештачење се подразбира вештачење на материјалите од кои е изградена болницата според проектот, нивните хемиски својства и дали истите се според пропишаните стандарди,  вели професорот и архитект Мишко Ралев.

Од ОЈО пак велат дека и денеска на сослушување во тетовското јавно обвиниелство се членови од семејствата на жртвите во пожарот. Истрагата сеуште е во тек, а надлежните ги очекуваат извештаите од гермаските експерти кои треба да ги утвцрдат причините за пожарот најдоцна за две недели.

Директорот на модуларната болница во Тетово пак, но и самата општина биле задолжени да обезбедат противпожарна заштита во болницата која изгоре на 8 Септември, пред таа да започне со работа. Ова стои во документите за исградба на проектот на МТСП, Светската банка и МЗ.

Директорите на болниците се задолжени и за редовно одржување на струјата, греењето, водоводот, но и тука надлежноста ја делат со претставници на општина Тетово. Според проектот, планот за заштита од пожар и имплементација на мерки за заштита требало да се одвојат од буџетот на болницата.

Директорот на тетовската модуларна болница Флорин Бесими денеска не одговори на нашите повици. Тој си поднесе оставка два дена по пожарот каде што животот го загубија 14 лица, а 12 беа повредени.

Истиот ден поднесоа оставки и министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани.Но, нивните оставки се уште не се прифатени од премиерот Зоран Заев, кој чека да заврши истрагата, па да ја соопшти неговата одлука.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести