Во видеото објавеноод италијанскиот весник што било снимено во февруари годинава, се гледаат спакувани евра со рачно испишани спецификации на листови хартија, а се слуша и разговор на Јовановски и Камчев за предмет на СЈО во кој ја спомнуваат и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 август, 2019 10:44

ОЈО не открива дали знаат и ја имаат снимката со Боки, Кичеец и Камчев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако денеска италијанскиот весник „Ла Верита“ во онлајн изданието објави видео од средба на осомничените во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Кичеец) како остваруваат средба со бизнисменот Јордан Камчев, од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води предметот „Рекет“, не прецизираат дали им е позната објавената снимка и дали ја имаат како доказен материјал.

Сите докази кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги поседува во предметот за кој покажувате интерес ќе ги презентира пред надлежен суд при евентуална судска постапка. Предметот е во фаза на истрага во која во континуитет се работи на обезбедување на сите докази, изјавија за МИА од Обвинителството.

Во видеото објавеноод италијанскиот весник што било снимено во февруари годинава, се гледаат спакувани евра со рачно испишани спецификации на листови хартија, а се слуша и разговор на Јовановски и Камчев за предмет на СЈО во кој ја спомнуваат и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести