петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



Според Јавното обвинителство чинот се случил за време на прославата на Илинден во Крушево на Мечкин Камен

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 13:00

ОЈО Прилеп сомничи двајца битолчани за говор на омраза на Илинден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Прилепското јавно обвинителство постапува по пристигната кривична пријава против две лица и други непознати лица за сторено кривично дело “Предизвикување омраза- раздор или нетрпеливост врз национална – расна – верска и друга дискриминаторска основа” за време на одбележувањето на Илинден на Мечкин Камен.

“ОЈО Прилеп презема дејствија за утврдување на факти и прибирање докази во врска со нападите и говорот на омраза кои беа изречени за време на одбележувањето на државниот празник на Мечкин Камен.” – се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Во обвинителството како што се наведува е пристигната кривична пријава поднесена од МВР – СВР Битола против две лица и други непознати лица а за сторено кривично дело – Предизвикување омраза – раздор или нетрпеливост врз национална – расна – верска и друга дискриминаторска основа од Член 319 од Кривичниот законик.

“Со кривичната пријава на двајцата осомничени – жители на Битола – заедно со засега се уште непознати лица – им се става на товар дека за време на прославата употребувале говор на омраза кој бил забележан на видео запис и емитуван на една од националните телевизии. Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп во континуитет презема дејствија за да го расчисти кривично правниот настан.” – се вели во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.