ОЈО бара психијатриско лекување

Објавил: admin@magazin | 10 април, 2019 13:07

ОЈО со обвинение за мајка, за малтретирање на 13-месечно бебе

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Скопското Јавно обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднесен обвинителен акт против мајката на 13-месечното бебе, кое во јули минатата година имаше скршеница на черепот, нагмечување на мозокот и скршеници на рацете и нозете. За обвинетата која ќе одговара за кривично дело – запуштање и малтретирање дете. Обвинителството од Судот побарало покрај изрекување на казната и задолжително психијатриско лекување на слобода. 

„Обвинетата, во состојба на битно намалена пресметливост, како родител на 13-месечно дете, во периодот од 15.06.2018 до 07.07.2018 година, со грубо запоставување на својата должност за родителска грижа, го запуштила детето и со тоа го довела во опасност неговиот живот. Во временскиот период додека таткото на детето се наоѓал на издржување казна затвор, таа детето повремено го оставала само, без родителска грижа и без да внимава на неговата сигурност и потреби. Како резултат на тоа, на 07.07.2018 година кај детето биле констатирани тешки телесни повреди изразени како скршеница на коските на черепот, крварење на тврдата мозочна обвивка, нагмечување на мозокот, скршеници на коските на двете нозе и на двете раце“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Од резултатите на наредените психијатриски вештачења врз сега обвинетото лице произлегло дека таа делото го сторила во состојба на битно намалена пресметливост, при која имала намалена способност да го разбере делото и намалена состојба да управува со своите постапки заради намалена моќ на расудување, сфаќање и одлучување, односно намалена способност за анализирање на своите постапки и за разбирање на суштината на своето дејствување.

Со оглед на тоа што постојат законски услови за изрекување мерка на безбедност во случај на битно намалена пресметливост, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи, со изрекување на казната, на лицето да му изрече и мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување на слобода.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести