Практикувајте го она што го проповедате, вратете ја надежта на луѓето во добрината и духовноста, не осудувајте ги нашите деца на живот во гасни комори порачаа од О2

Објавил: Мартин Попоски | 29 ноември, 2018 12:52

О2 иницијативата повика МПЦ да ја подари парцелата во Центар за парк

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

О2 Иницијативата преку јавен повик побара Македонската православна црква да се откаже од парцелата спроти „Холидеј ин“ и место згради таму да се изгради парк.

О2 ја повикува црквата да не ги осудува децата на живот во гасни комори и да не дозволи материјалното да го засени духовното.

Ве повикуваме плацот што го поседувате во строгиот центар на Скопје да го донирате за парк што ќе биде симбол на вера и љубов, она што на овој народ во овој момент покрај чистиот воздухот му е најпотребно. Практикувајте го она што го проповедате, вратете ја надежта на луѓето во добрината и духовноста. Не осудувајте ги нашите деца на живот во гасни комори, бебиња на борба за живот уште неродени, не не терајте да молиме за воздух.

Во име на тие деца и нивната иднина не правете ја оваа грешка, не давајте материјалното да го засени духовното. Конечно, и вие некогаш некому, на својот народ или на Бога, ќе треба да одговорите која е потребата на духовни лидери да се опкружуваат со материјални работи. Која е потребата до вашите црковнички титули да стојат суми испишани во евра? Во вашиот земски живот правевте добро или зло? – стои во јавниот повик објавен на социјалните мрежи.

Од Иницијативата нагласуваат дека надежта е алката која во ова руинирано општество се уште колку-толку ни ја држи главата над водата. Надежта за квалитетен живот, љубовта кон својот град и верата во добрината на сограѓаните.

Македонската православна црква по пат на денационал изација стана сопственик на парцела од 3.800 квадратни метри спроти „Холидеј ин“, кои ги отстапила на фирмата „Обновители“, која, пак, за возврат треба да изгради зграда во која МПЦ ќе има канцеларии.

Сопственикот на „Обновители“, Зоран Антиќ, е сопственик и на „МГ Фешн“ која, пак, од државата ја откупи соседната парцела од 9.000 квадратни метри по цена од 312 евра за квадратен метар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.