„Јас не би можел да го замислам мојот живот во позиција во која би бил молчелив. Не би можел да ја замислам мојата иднина кадешто би оставил нештата за кои толку долго се борев и се залагав – едноставно да се случуваат покрај мене, покрај нас. Кога велам ‘нас’, мислам на мене и моите пријатели, борци“, изјави тој.

Објавил: Весна Петровска | 11 јуни, 2019 23:01

Павле Богоевски како да се кае: Со времето нема назад, стојам позади сите одлуки!

Фото/Текст извор: ©онлјан магазин

Денеска во Собранието беше константирана оставката на пратеникот на Павле Богоевски од СДСМ, тој по седницата беше прашан од страна на новинарите каде се гледа во следнито период.

Собранието остана без двајца пратеници

„Јас не би можел да го замислам мојот живот во позиција во која би бил молчелив. Не би можел да ја замислам мојата иднина кадешто би оставил нештата за кои толку долго се борев и се залагав – едноставно да се случуваат покрај мене, покрај нас. Кога велам ‘нас’, мислам на мене и моите пријатели, борци“, изјави тој.

Исто така додаде дека во следниот период не знае што точно ќе биде со него но истакна дека борбата ќе ја продолжи но овој пат надвор од иснтитуциите.

Новинарите го прашаа дали има нешто од периодот на неговиот пратенички мандат за кое ќе зажали, односно дали има одлука за која би се покаал и која му била најтешката.

„Не, воопшто не жалам за тоа“, продолжи тој, додавајќи дека политиката е работа во која треба постојано да се преиспитувате и одлуките често се носат многу брзо.

„Потоа можеби и ќе се преиспитувате, можеби ќе донесете и поинакви заклучоци, но со времето нема назад, а јас, колку и да се дел од одлуките непопуларни, стојам зад оние што ги донесов како пратеник во ова Собрание, со оглед дека моја водилка и моја апсолутна вредност беше доброто на оваа држава и светлата иднина на Република Северна Македонија“, рече Павле Богоевски.

За потсетување,Павле Богоевски поднесе оставка по скандалот со видеото кое се појави, за кое тој тврдеше дека нарачува масло од канабис за медицински цели.

– За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша тогаш Богоевски на својот Фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести