За неовластено снимање на граѓани пропишана е затворска казна од 5 години.

Објавил: admin@magazin | 16 мај, 2019 6:53

СЛУЧАЈ ДРОГА: БОГОЕВСКИ ја напушти полициската станица БЕКО половина час по полноќ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Половина час по полноќ независниот пратеник Павле Богоевски ја напушти полициската станица Беко, откако вчера сам се пријави дека по телефон нарачувал масло од канабис.

Случајот на Павле Богоевски од утре го презема Јавното обвинителство на Скопје, а предмет на истрага ќе биде исто така и таксистот кој возејќи го Богоевски, неовластено го снимал што зборува на телефон.
Пратеникот Павле Богоевски и додека бил во полициската станица попладнево некој тајно го фотографирал. Истата фотографија беше објавена од медиум, а потоа преземена и од други медиуми.

 За неовластено снимање на граѓани пропишана е затворска казна од 5 години.

Богоевски вчера вечер отиде во полициска станица, откако на сајт беше пуштена аудио снимка од Богоевски како тој разговара на телефон и како нарачува, како што изјави тој, масло од канабис за близок болен член од семејството. Тој побара јавно да му биде направен тест за наркотички дроги како доказ дека ја зборува вистината.

Богоевски бил еден од предводниците на протестното движење „Шарена револуција“ кое барало поништување на аболициите кои претседателот Ѓорге Иванов во 2016 ги дал на 56 лица опфатени во истрагите на Специјалното јавно обвинителство.

Богоевски бил обвинет за фрлање боја врз фасадата на министерството за култура за време на протестите од 18 април, но судските рочишта повеќе пати се одлагале бидејќи обвинителството не пресметало колкава материјална штета била предизвикана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.