Евро перспективите се движечката сила на реформите и имплементацијата на преку 400 закони усогласени со евро-стандардите.

Објавил: admin@magazin | 17 октомври, 2019 19:25

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ МУ ПИША НА МАКРОН: “Дајте и шанса на Македонија да се движи напред, направивме многу”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Господнине претседателе, Македонскиот народ и сите граѓани во изминатите 30 години, направија многу компромиси и отстапки на патот кон ЕУ.
Се откажавме од многу вредности и идентитетски прашања, го менуваме Уставот, знамето и на крајот, името на државата, со надеж дека тие се пречки на нашиот пат кон ЕУ.

Евро перспективите се движечката сила на реформите и имплементацијата на преку 400 закони усогласени со евро-стандардите. Постои граѓански и политички консензус за прифаќање на европските демократски вредности.

Свесни сме дека имаме уште многу работа на планот на реформите за достигнување на европските стандарди.

Искрено се надеваме дека со добивање датум за почеток на преговорите, сите реформски процеси ќе се одвиваат со многу поголем оптимизам и позитивна енергија. Ќе се влијае на внатрешната и пошироката стабилност, за младите ќе се отворат нови перспективи во нашата држава и ќе се подобри економската ситуација.
Поради овие, како и поради илјада други причини, дајте и шанса на Македонија да се движи напред. Се работи за преговарачки процес кој долго трае и во кој сме подготвени да ја оствариме крајната цел.
Вашиот позитивен став ќе има огромно влијание во Македонија и ќе остане врежан во колективната свест на граѓаните на Македонија. Искрена благодарност!

Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...