Разни коментари може да се прочитаат на социјалните мрежи, а меѓу нив е и коментарот на адвокатот Јанаки Митревски кој јавно преку Фејсбук статус се понуди да направи тест за да се докаже дали Богоевски користел наркотични средства. Адвокатот му нуди сума од 60.000 ден. колку што чини тестот во Ману.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 мај, 2019 10:37

Павле јас ќе ти платам тест во МАНУ- и адвокатот Јанаки удри по Богоевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото: Јавно.мк

Откако пред два дена во јавноста излезе “Бомба”, односно аудио снимка на која може да се слушне како пратеникот Павле Богоевски, поранешен активист на Шарена Револуција прави нарачка за како што вели тој масло од канабис, јавноста се крена на нозе.

Разни коментари може да се прочитаат на социјалните мрежи, а меѓу нив е и коментарот на адвокатот Јанаки Митревски кој јавно преку Фејсбук статус се понуди да направи тест за да се докаже дали Богоевски користел наркотични средства. Адвокатот му нуди сума од 60.000 ден. колку што чини тестот во Ману.

Фејсбук стасус на адвокатот Јанаки

Павле вика бил подготвен да му се направи тестирање. Павле бесплатен правен совет од адвокат – DONT GO THERE!!

Или веќе чим така си одлучил еве јас се нудам да помогнам да си ја докажеш теоријата. Не тестови од 200 ден од Зегин или крв урина. Еве јас ти предлагам во МАНУ лабараторијата праат тест од влакна од коса и има да ти извадат историјат каков тип млеко си пиел а не какви наркотици си земал или не. Тоа тестирање чини 60.000,00 денари и се нудам ЈАС да го платам. Alea iacta est!!!!”напиша Јанаки на Фејсбук.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести