Од своја страна, францускиот претседател Емануел Макрон напиша на Твитер дека е „историски ден за Европа“.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2020 11:24

ПАДНА ДОГОВОР ВО БРИСЕЛ: Лидерите на земјите од ЕУ успеаја да најдат начин за заживување на економијата по пандемијата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Рано утрово, на петтиот ден од самитот, лидерите на 27 земји на Европската унија (ЕУ) постигнаа договор за планот за заживување на економијата во Унијата, кој е загрозен од епидемијата на вирусот корона.

Од своја страна, францускиот претседател Емануел Макрон напиша на Твитер дека е „историски ден за Европа“.

„Имаме добар договор! ЕУ никогаш не сакаше да инвестира толку амбициозно во иднина со буџет (2021-2027) од 1,074 милијарди евра и фонд за економско закрепнување од 750 милијарди евра“, рече белгискиот премиер Софи Вилмс. 

Франција и Германија, кои предложија план за економско закрепнување од 750 милијарди евра.

Од тие 750 милијарди евра, 390 милијарди евра ќе бидат наменети за субвенции за земјите кои се најпогодени од пандемијата на вирусот корона, а тоа ќе биде заедничкиот долг на ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести