Осуден е во случајот за нелегалното прислушување, познат под работен наслов „Таргет-Тврдина“.

Објавил: Перо Милчин | 26 февруари, 2021 11:38

ПАДНА ПРЕСУДА: Мијалков осуден на 12 години затвор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, Судот му изрече затворска казна во траење од 12 години.

Осуден е во случајот за нелегалното прислушување, познат под работен наслов „Таргет-Тврдина“.

Прогласувајќи ги виновни, судот на првообвинетиот Сашо Мијалков му изрече 12-годишна затворска казна. Горан Грујевски доби 15 години казна затвор, а началничката Надица Николиќ 3 години затвор.

Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, за делата што ги сторил доби шест години казна затвор.

Прогласена за виновна е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која е казнета со четири години затвор.

Избеганиот Никола Бошковски, пак, заработи петнаесетгодишна казна затвор. Сите обвинети во ‘Таргет-Тврдина’ судот ги прогласи за виновни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести