Денеска во Врховниот суд беше соопштена пресудата за поранешната јавна обвинтелка Катица Јанева и Бојан Јовановски за случајот „Рекет“. Катица Јанева доби казна затвор од 7 години, а Боки-13 е осуден на 9 години казна затвор, објави ПРЕС 24.
-Судот во името на граѓаните на Република Северна Македонија ја донесе следната пресуда – обвинетите Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки-13, кој моментално е во притвор и Катица Јанева која моментално во куќен притвор се прогласени за виновни. Судот на обвинетиот Бојан Јовановски за кривичното дело „примање награда со притвзаконито влијание“ за кое предвидена казна од 1 до 10 му утврдува казна од 5 години, за кривичното дело „перење пари“ му претвидува казна затвор од трање 5 години, за наведените две кривични дела го осудува на единствена казна затвор од трање од 9 години. Во изречената казна му се пресметува и времето поминато во притвор до започнување со издржување на казната затвор. Судот обвинетата Катица Јанева за употреба на службената положба и овластување, ја осудува на казна затвор во траење од 7 години. Во изречената казна и се пресметува времето поминато во привтвор како и времето поминато во куќен притвор до започнување на одржување на казната – кажа судијката!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.