Приходите на компанијата што остварува добивка главно преку рекламирање, во вториот квартал на годинава опаднале на 28,8 милијарди долари, што е помалку за еден процент од 29,1 милијарди долари остварени за истиот период лани.

Објавил: admin@magazin | 28 јули, 2022 9:06

Пад на приходите на „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американската компанија „Мета“ првпат од основањето соопшти за пад на приходите на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, што веднаш по објавувањето на податоците резултираше со поевтинување на акциите на компанијата за околу 1,4 отсто.

Приходите на компанијата што остварува добивка главно преку рекламирање, во вториот квартал на годинава опаднале на 28,8 милијарди долари, што е помалку за еден процент од 29,1 милијарди долари остварени за истиот период лани.

Од почетокот на април до крајот на јуни „Мета” објави профит од 6,69 милијарди долари или 2,46 долари по акција, што е пад од 36 отсто во однос на истиот период минатата година (10,39 милијарди долари или 3,61 долари по акција).

Првиот пад на приходите за компанијата што ги поседува социјалните мрежи „Фејсбук” и „Инстаграм” доаѓа во услови на очекувана рецесија, а притисок има и поради зајакнувањето на доларот оттаму што продажбата на реклами во странски валути генерира помал приход во долари. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.