"Внимание! Вашата whatsapp верзија е хакирана! Инсталирајте го ажурирањето веднаш! »- ова е пораката што во моментов се испраќа преку Whatsapp messenger.

Објавил: Македонка Димкин | 5 март, 2019 21:48

Пазете се од оваа Whatsapp порака: “Внимание! Вашата whatsapp верзија е хакирана„!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пазете се од ова Whatsapp “ажурирање” Во моментов, циркулира порака на Whatsapp, чии инструкции во никој случај не треба да се почитуваат. Ако сепак го направите тоа, ќе инсталирате малициозен софтвер кој е во состојба да ви го уништи вашиот смартфон!!!

Најпопуларниот MESSENGER Whatsapp повторно сe искористува  од хакерите, како платформа преку која може да се дојде  до лични податоци. Во моментов  кружи една порака, која наводно известува за тоа дека вашата верзија е хакирана и дека треба веднаш да го ажурирате Whatsapp. Обично, хакерите често се обидуваат да дојдат до броевите од вашата кредитна картичка , но во овој случај, нивната намера преку Whatsapp е уште полоша, имено цел на нападот е вашиот смартфон.

Компанијата WhatsApp Inc. е основана во 2009 година во Санта Клара, Калифорнија, од Јан Коум и Брајан Актон. Името е комбинација од два збора: WhatsApp звучи исто како на англиски “Што има?”, “Што е?” И содржи апликација со кратенката App (апликација ).

Испраќачите се обично со руски броеви со позивен кој почнува со +792XXXX, како што известува Derwesten.de. Ако сепак клинкнете на линкот, таканаречениот Android пакет (APK) би можел да се да се инсталира на вашииот смартфон Оваа инсталациона датотека може да содржи малициозен софтвер кој може да ви го уништи вашиот телефон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...