По оваа пратка се сортира и прегледува целата пошта адресирана на Белата куќа.Пратките се прегледуваат надвор од објектот пред да стигнат до претседателот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 септември, 2020 10:40

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Шокантна вест ја крена Америка на нозе, откако беше објавено дека на адреса на претседателот Доналд Трамп бил испратен пакет со отров.Имено како што објави Си-Ен- Ен, во пакетот имало отров рицин кој му бил испратен на американскиот претседател Доналд Трамп, а го пресретнала полицијата во текот на оваа недела, пред да биде испорачан во Белата куќа.

За да се утврди присуството на отровот рицин, биле направени два теста пренесува Си Ен Ен.

Овој пакет ги крена на нозе ФБИ и Тајната служба кои веднаш отворија истрага за инцидентот.

По оваа пратка се сортира и прегледува целата пошта адресирана на Белата куќа.Пратките се прегледуваат надвор од објектот пред да стигнат до претседателот.

По оваа вест многумина се прашуваат дали некој можеби се обидел да го отруе Доналд Трамп? 

Инаку Рицин е виоко токсично соединение добиено од рицинисови зрна кое се користи во терористички завери. Може да се користи во облик на прав, гас или киселина. Ако се проголта предизвикува мачнина, повраќање и внатрешно крварење на желудникот и цревата, пратено со откажување на слезината, бубрегот, црниот дроб и смрт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.